Ѕвездата на Ривердејл, Лили Рејнхарт соопшти дека ќе го напушти Твитер на одреден период поради токсични коментари и негативност со која се соочила.
– Дали луѓето на Твитер некогаш се изморуваат од тоа да бидат толку негативни и нељубезни кон секого? Зарем толку се мизерни? – напиша таа на Инстаграм.
Таа вели дека омраза има насекаде, но најмногу на Твитер.
– Ќе паузирам од тој токсичен сајт и луѓето кои имаат потреба постојано да ме напаѓаат мене, моите колеги, мојата врска и Ривердејл – додаде Рејнхарт.
Иако актерката не напиша што точно ја прелила чашата за да се одлучи на ваков чекор, многумина се сомневаат дека тоа е поради расправијата на Твитер помеѓу нејзините колеги и јутјубер.
– Дали фановите на Ривердејл знаат дека шоуто е за никаде, но не им пречи тоа, или тие воопшто не се свесни – напиша Елија Даниел на Твитер.
На што актерот кој го игра Арчи, му одговори:
– Дали твоите фанови знаат дека си идиот или не се грижат поради тоа?
Потоа се приклучи и една од пејачките во шоуто, Ешли Мурај.
ФОТО: Принтскрин