Ѕвездата на „Натприродно“ уапсен и обвинет за напад ВИДЕО

Падалецки, видно пијан како што тврдат сведоците, прво го удрил барменот кој не сакал да го услужи „бидејќи веќе претерал со алкохолот“, а потоа го удрил и менаџерот на барот.

234

Ѕвездата на американските серии „Супернатурал“ и новиот „Тексашки ренџер“е уапсен во неделата поради тепачка во алкохолизирана состојба, во бар во Tексас.

Падалецки, видно пијан како што тврдат сведоците, прво го удрил барменот кој не сакал да го услужи „бидејќи веќе претерал со алкохолот“, а потоа го удрил и менаџерот на барот.

Полицијата од Остин за локалните медиуми соопшти дека полицајците биле повикани во барот „Стереотајп“ во 2 часот рано утрото и го уапсиле Падалеки.

37-годишниот актер кој играше и во „Девојките Гилмор“ наводно им удрил тупаница в лице на двајца вработени по вербалната кавга со нив.

Американскиот портал Ти-ем-зи објави видео од Падалеки на кое се гледа дека како актерот со рацете „дави“ еден човек , а потоа го пушта и ги крева рацете во воздух.

Друго видео снимено во барот го покажува очигледно пијаниот Падалеки како се потпира врз автомобил и вади пари од џебот додека во близина има полицајци.

– Што прави, дали се обидува да им плати? – се слуша глас во позадината на видеото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...