Ѕвездата на Инстаграм, Далас уапсен поради наводен напад во хотел (ФОТО)

188
ФОТО: Инстаграм

Ѕвездата на социјалните мрежи, Камерон Далас бил уапсен во Колорадо, наводно поради напад во хотел, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Амбулантно возило било повикано бидејќи човек крварел поради повреди на лицето, а полицајците потоа го уапсиле 24-годишниот Далас, кој бил гостин во хотелот.

Тој потоа бил ослободен, но треба да се појави на суд на 22 јануари.

Далас се огласи на социјалните мрежи, објавувајќи ја фотографијата при апсењето.

– За жал, некогаш во животот се наоѓаш во ситуација кога треба да се одбраниш себеси и луѓето кои ти значат. Имајте безбедна и среќна нова година, 2019 ќе биде прекрасна – напиша Далас.

Неговата популарност започна преку Вајн и Јутјуб видеа. Тој има и свое шоу на Нетфликс наречено „Chasing Cameron“, каде гледачите ќе можат да ѕирнат „зад сцените со сензацијата на социјалните мрежи Камерон Далас, додека тој ја носи кариерата на друго ниво на интернационална турнеја“, според описот на Нетфликс.

Далас има над 21 милион следбеници на Инстаграм.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...