Актерката Есме Бјанко, која во мегапопуларната серија „Игра на тронови“ ја игра улогата на проститутката Рос, проговори за насилството во врските и покажала лузни од камшикувањето на грбот.
„Ова е мојот грб. Повредите кои ги гледате се вистински, а настанале така што ме камшикуваа во името на „уметноста“. Порано оваа фотографија ја гледав со гордост, бидејќи сметав дека тоа е доказ на верност кон мојот злоставувач. Денес ја гледам со страв. Иако оттогаш поминаа многу години, сè уште имам ПТСП, а кошмарите кои ги имам поради тоа се сè полоши“, напиша таа.
Есме објавила и фотографија од себе во младоста и опишала што сè се крие зад таа фотографија.
– Оваа фотографија е од мој роденден пред многу години. Ноќта претходно бев заклучена во соба, бев сосема сама и не спиев. Во тоа време јадев малку и често ми беше забрането да спијам, бев сосема исцрпена психички и физички. На оваа фотографија момчето мое ми дава подарок. Иако имам насмевка на лицето, гледам празнина и страв во своите очи – додала таа.
Есме на тој начин им се придружи на жртвите на злоставување кои своите приказни јавно ги изнесуваат како дел од #IAmNotOk движењето.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин