Ѕвездата на „Е.Т.“ уапсен откако го нашле онесвестен во автомобилот ФОТО

Како што пишува американскиот портал Ти-ем-зи, актерот бил уапсен во округот Вашингтон поради возење под дејство на алкохол.

1993

Можеби името на актерот Хенри Томас не ви значи многу, но тој е sвездата на филмот „Е.Т.“ на Стивен Спилберг од 1982 година. Тој го толкуваше момчето Елиот пред 37 години, а минатата година се врати на голема врата со улогата на Хју Крејн во серијалот „The Haunting of Hill House“. Наместо актерот да се пофали со нова улога, во медиумите осамна фотографија од полицијатата во Вашингтон со познато лице.

Како што пишува американскиот портал Ти-ем-зи, актерот бил уапсен во округот Вашингтон поради возење под дејство на алкохол.  Томас (48) во понеделникот бил задржан во Орегон, откако полициските службеници примиле повик од друг возач.

Всушност, автомобилот на актерот бил пронајден паркиран среде крстосница, а Томас бил онесвестен во него, седејќи зад воланот.

Полицијата го одвела во полициска станица за трезнење. Томас бил ослободен од затворот вчера наутро во 8:30.

Хенри Томас стана познат во светот на филмот благодарение на улогата во „ЕТ“ на Стивен Спилберг. Тој беше номиниран за Златен глобус и беше награден со статуа за Најдобар млад актер.

Преостанатиот дел од својата тинејџерска, адолесцентна, а потоа и зрела кариера го помина во потрага по подобри улоги, сè додека пред две години не доби една од главните во хит-серијата на режисерот Мајк Фалненген „The Haunting of Hill House“.

FOTO: Printskrin/Skrinsot/Jutjub

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...