Ѕанакопулос: Ратификацијата на Договорот од Преспа ќе биде како што е одредено

119

Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио „Њуз247” вели дека ратификацијата на Договорот од Преспа ќе биде согласно со одредбите од самиот договор, јави дописничката на МИА од Атина.

– Премиерот рече дека договорот ќе биде доставен во грчкиот Парламент врз основа на она што го одредува самиот Договор од Преспа, а потоа ќе се одреди процесот за ратификација на договорот – рече Ѕанакопулос во интервјуто, одговарајќи на прашањето во врска со тоа дали доколку кај нас уставните измени завршат во јануари, во Грција би дошол на ратификација во март.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...