СИРИЗА и Независни Грци ќе најдат урамнотежено решение, а кохерентноста на владата не е доведена во прашање, вели министерот без ресор на Грција и портпарол на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за информативниот портал „Дикеологитика Њуз“ во однос на позицијата на коалицискиот партнер за Договорот од Преспа и ратификацијата од грчкиот парламент.
– Потсетувам дека господинот Каменос, јавно изјави дека има намера со Алексис Ципрас да продолжи до крајот на четиригодишниот мандат. Обезбедувањето на кохерентноста на владата не е доведена во прашање. Двете партии ќе продолжат да разговараат, како што секогаш го прават тоа, за условите и предусловите на нивниот заеднички тек во владата и сигурен сум дека како и секогаш, ќе се најде точката на урамнотеженост – вели Ѕанакопулос во интервјуто.
Портпаролот на грчката влада, уште еднаш го повторува неговиот став дека Договорот, во грчкиот Парламент, би добил најголемо можно мнозинство.
– Цврст стремеж на владата е штом нашите соседи ги завршат потребните обврски – оценувам најрано на почетокот на 2019 – Договорот да биде одобрен од националните претставници, со максимално можно мнозинство – коментира портпаролот на грчката влада и министер без ресор.