Ѕанакопулос: Засега не постои одлука за средба Заев-Ципрас во Лондон

85

Македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас денес учествуваат на состанокот во Лондон во рамките на „Берлинскиот процес за земјите од Западен Балкан“, но за сега не постои информација за нивна можна средба.

-Не знам дали ќе се сретнат во рамките на „Берлинскиот процес“. Засега не постои таква одлука или некоја таква информација – изјави портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на евентуална средба на премиерите на двете земји.

Грција оваа година, за прв пат беше поканета да учествува на состанокот и ќе стане полноправен член на иницијативата. Грчкиот премиер од Лондон ќе замине за Брисел, каде што заедно со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас и министерот за одбрана Панос Каменос, ќе ја предводи грчката делегација на НАТО самитот.

Портпаролот на грчката Влада, на денешниот брифинг со новинарите повтори дека Македонија ќе стане членка на НАТО кога ќе се завршат сите обврски предвидени во Договорот од Преспа.

Во врска со истражувањата на јавното мислење во Грција и негативниот став на мнозинството граѓани во однос на решението меѓу двете земји, Ѕанакопулос објасни дека „грчката Влада не води надворешна политика врз основа на истражувањата, туку води надворешна политика со водечки критериум – интересот на земјата“ и изрази надеж дека со текот на времето, договорот ќе биде прифатен од мнозинството граѓани.

-Мислам дека не потценивме апсолутно ништо. Знаевме многу добро дека во еден дел од грчкото општество имаше реакции, несогласувања, резервираност за конкретната политичка иницијатива. Сепак мислам дека како ќе поминува времето оној дел од грчкото општество што се согласува и ја поддржува оваа владина инцијатива односно иницијативата за договор со поранешната југословенска Република Македонија ќе станува сѐ поголем, сѐ додека не стане мнозинство – рече Ѕанакопулос и објасни дека за грчката надворешна политика вистинскиот проблем се односите со Турција, а не со северниот сосед, што е, како што рече, „држава со БДП осум милијарди евра, односно речиси една 20-тина од БДП на Грција“.

Портпаролот на грчката влада, коментирајќи ги различните ставови на коалициониот партнер, уште еднаш повтори дека „Ципрас и Каменос имаат изјавено дека ќе останат заедно до завршувањето на мандатот на владата на есен 2019

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...