Ѕанакопулос: Го поздравуваме прифаќањето ерга омнес, но најдобро е името да произлезе од предлозите на Нимиц

526
zanagopulos

Грчката страна инсистира на тоа дека најдобро решение е избор на едно име од оние што ги достави медијаторот Нимиц во неговите предлози, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрос Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио „Реал фм“.

Ѕанакопулос го поздрави прифаќањето на ерга омнес, споменувајќи го како позитивна разврска и позитивен чекор од средбата на двајцата премиери, јави дописничката на МИА од Атина.

-Што се однесува на името, не сме стигнати до таму. Секако постојат предлози што биле ставени на маса, но, сепак, грчката страна инсистира на тоа дека најдобро решение е избор на едно име од оние што ги достави медијаторот Нимиц во неговите предлози. Но, не сме стигнати до таму, треба да поминеме уште пат за да можеме да говориме за конечен договор – вели Ѕанакопулос во интервјуто и додава дека секако дека се разговара и „за предлозите на нашите соседи, но, сепак, преговорите функционираат во една конкретна рамка и добро е да се држиме до таа“.

– Ние го поздравуваме прифаќањето ерга омнес од соседите, одговорно ги продолжуваме преговорите, нешто што не гледам дека го дели и го прави опозицијата и говорам за опозицијата речиси во целост – додаде портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, упатувајќи критики до Нова демократија дека нема расположение да функционира конструктивно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...