Ѓуле

Македонија не може да влезе во Европската унија и во НАТО ако не излезе од ВМРО. Не од ВМРО-ДПМНЕ, односно не само од партијата на другарот Мицко, туку од ВМРО, од говното како идентитетски парфем на Македонците.

1250

О, каква среда беше тоа: прво, бев да се збогувам со великанот на македонскиот журнализам, Ристо Поповски, а потоа отидов во „Воденица“ на средба со еден друг Поповски, Чедо, на документирано тестирање на неговите рибарски приказни. И што да ви кажам, тамам се уверивме и јас и моето друштво дека Чедо не е како Торте кога раскажува какви сѐ грдоби и сардини фаќа, односно во моментот кога без референдум го бевме демонтирале забатацот (така според договорот со Грција во иднина ќе се вика и ќе се пишува рибата што остатокот на светот ја знае како зубатац) од три килограми, дојде третиот Поповски, Никола, ни се претстави како министер за надворешни работи, делуваше прилично уверливо, рече дека доаѓа од некоја собраниска комисија кај што на некои папалини се обидел да им ја долови суштината на океанот и така, помалку разочаран од рецептивните можности на ситните рипки, рече дека ќе мораме, како Македонија, приказните за злосторничкото здружување на ВМРО-ДПМНЕ, за кое се утепа од пишување мојата маленкост, да ги сфатиме посериозно.

Ме израдува напредокот во македонското самосознание што ни го претстави третиот Поповски, дури сакав да скокнам и да му дадам едно парче од рибата, ама си реков, смири се, Тричко, ова е само почеток, ако сега си ја дадеш рибата, кој знае што сѐ ќе треба да дадеш кога злосторничкото здружение ќе го поразиме скроз на скроз, кога сите негови клетки ќе ги извадиме од организмот на Македонија, кога ќе бидеме сигурни дека сме му ги уништиле сите потенцијали на саморепродукцијата.

И така дојдов до темата што, еве тука, му ја предлагам на Фондот за иновации на Џабир Дерала: Македонија не може да влезе во Европската унија и во НАТО ако не излезе од ВМРО. Не од ВМРО-ДПМНЕ, односно не само од партијата на другарот Мицко, туку од ВМРО, од говното како идентитетски парфем на Македонците.

Тоа е врвен критериум!

Критериум над сите тендери и други критериуми.

Ама тоа ќе значи дека ние нема да бидеме ние, тоа ќе ни го смени идентитетот. Веројатно, како што идејата дека пред дувлото треба да направи барака за себе, за жената и за децата, значела важна интервенција во идентитетската матрица кај примитивниот човек од пештерата. Ние сме во политичка и културна смисла – пештерски луѓе. Да не се лажеме. Хахаха. Со ѓулиња околу нозете можете да пливате само кон дното. Добро, можете и да полетате. Ако сте лудаци или дотерани за летање. Или ако сте вморони кои мислат дека ѓулињата им се крила. Примитивни Македонци, со други зборови.

ВМРО е бар-код кој мора да се избрише од културната матрица на Македонецот, матичен број кој треба да се смени. Затоа што во тоа бројче е запишана неговата смрт. Разликата со СДСМ не е во тоа што овие се добри а првите се лоши туку во тоа што СДСМ, со сите свињарии, е политичка категорија, а ВМРО е карактерна и национална особина.

Што треба да се каже за бомбата во чантата на Македонија за да сфати жената дека секој момент може да отиде у курац. Добро, можеби жената и сака да отиде у курац, но, многу жртви за ситен мерак, бе, брат, ќе паднат. Има и други начини за да се стигне до национален оргазам.

Вреди ли ова триста илјади евра?

Малку од малку да сме средена држава за оваа иновација јас ќе инкасирав три милиони евра. Без новата Тесла за разнесување на вистината меѓу простиот народ.

Но, далеку сме ние од тоа.

Еве уште една спасоносна идеја: Знаете ли што е тоа Христијан Абдесалам!?

Јас ќе ви кажам без денар од Фондот за иноманиции.

Во периодот откако е СДСМ на власт, стравот ја замени демократијата, неморалот го замени моралот, а непринципите ги заменија принципите.

Им пишува Христијан на граѓаните во Центар.

Да речеме дека власта на СДСМ е власт на стравот, неморалот и непринципиелноста, но да кажеш дека тоа време настапило по времето на слободата, моралот, демократијата и принципиелноста под власта на ВМРО-ДПМНЕ, е исто како Абдесалам да им пише на граѓаните на 10. париски арондисман дека за разлика од светлото време на неговиот масакр околу Стад де Франс во ноември 2015, денеска се изложени на терор, паника и хаос под власта на Макрон.

Тоа би била сличноста меѓу овие две фигури, а разликата би била во тоа што Абдесалам никогаш не бил на власт и денеска е во затвор, а нашиот христијански Зилот, кој со своите претходници  во континуитет и систематски тероризира два милиони луѓе цели триесет години, е на слобода!

Што треба да се каже за бомбата во чантата на Македонија за да сфати жената дека секој момент може да отиде у курац. Добро, можеби жената и сака да отиде у курац, но, многу жртви за ситен мерак, бе, брат, ќе паднат. Има и други начини за да се стигне до национален оргазам.

ВМРО бара да гласаме дали бродот со кој пловиме низ историскиот океан ќе го потопиме. Дали со еректираните национални пениси ќе го дупнеме гумењакот пред европската Лампедуза.

Расправата со нив не е партиска расправа.

Не е ниту идеолошка.

Тоа е расправа на живот и смрт.

При што први ќе умрат вмроните ако, да речеме, се согласат со тоа на референдумот да го дупат чамецот. Во името на националните интереси. Во името на името. Алоооооо! Тоа сакам да им кажам на членовите и симпатизерите  на таа партија. Ова не е избор меѓу тоа дали ќе се вработите, дали ќе крадете, дали жената ви ќе се стори икона, а децата епископи, туку меѓу тоа дали ќе живеете и дали ќе ве најдат прегрнати во македонската барака по пожарот што тука беснее под името вмро или во критичниот момент, ќе ве најдат спасителите.

За да се бориме против комуњарите, соросоидите и сдсмовците, мораме да преживееме.

Ако и тие преживеат се разбира.

(објавено во соработка со www.civilmedia.mk)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...