Ѓукановиќ е првиот странски претседател пречекан од Пендаровски

197

Во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“, претседателот на државата, Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, кој престојува во официјална дводневна посета на нашата земја.

Посетата на црногорскиот претседател е воедно и прва официјална посета на странски претседател на Северна Македонија во мандатот на претседателот Пендаровски.

Во фокусот на разговорите на двајцата претседатели се пријателските односи меѓу Северна Македонија и Црна Гора, кои споделуваат заедничко минато и се стремат кон заедничка иднина преку интегрирањето во евро-атлантските институции.

Покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателот Ѓукановиќ, предвиден е и пленарен состанок меѓу македонската и црногорската официјална делегација, како и прес конференција на двајцата претседатели.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...