Ѓубрето на Пелистер ги скара Дураку и Петровска ВИДЕО

2034

Министерот за животна средина Садула Дураку и градоначалничката на Битола Наташа Петровска се спречкаа пред евроамбасадорот Семуел Жбогар за ѓубрето во Националниот парк Пелистер.

– Убаво место е, овде чист воздух, ама таму преку патот има ѓубре, градоначалничката треба да го исчисти тоа – рече Дураку.

– Не само градоначалничката и централната власт треба нешто да направи- му врати,  Петровска.

Кавгата ја регистрира камерата на тв 21.

Дел од обиколницата над Битола е претворена во депонија. Тела на мртви животни, стар мебел, комунален смет, парчиња стакло, ѓубре, е сликата на коловозот кој поминува низ населбата Петочна вода. Оваа слика конечно по долги години успеа да ја види и политичар доаѓајќи во Битола.

– Секако ние се надеваме заедно со градоначалничката на Битола проблемот кој денес го воочивме додека доаѓавме тука многу скоро ќе го решиме заедно со нашите пријатели – вели Дураку.

Петровска вели дека проблемот ќе биде решен и сега е во рацете на централната власт.

– Ценам дека локалната самоуправа целосно својата задача си ја има завршено и убедена сум дека овој проблем горлив, долги години наназад во Битола конечно ќе биде решен – истакна Петровска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...