По синоќешниот телевизиски дуел на премиерот Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, професорот Ѓорѓи Спасов излезе со реакција на неговиот Фејсбук профил насловена како: „Христијан Груевски“.
Спасов пишува дека од сѐ што видел, Мицкоски нема никаква забелешка за она што го правел Груевски во сите области, па ако има шанса да стане премиер ќе биде ист како неговиот претходник во партијата.
„Всушност ќе го прави истото за се што му се суди на целото раководство на ДПМНЕ: Криминал во економијата, партизирање на медиумите, администрацијата и на судството и продавање квазипатриотизам во сферата на надворешната политика“, пишува Спасов.
Спасов има уште една реакција која се однесува на тоа што Мицкоски рече дека е како надојден Вардар.
„Вардар кога е надојден е најматен“, пишува професорот.