Ѓорѓиевски: Спасовски троши милиони евра за одмазда и за партиска полиција ВИДЕО

226

Oвие документи кои што ги држам се најдобриот доказ дека Зоран Заев и Спасовски во МВР спроведуваат партиско-политичка чистка. Не ги интересира ниту ветинг, ниту систем на кариера. Нив само ги интересира инсталирање на послушници се со цел да го заштитат криминалот кој сами го правеа, но и криминалот на нивните соработници, рече на денешната прес-конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Затоа, како што кажавме, оние кои работат по закон, а не по политичките наредби на Спасовски, се целосно деградирани и шиканирани. Спасовски и Заев ги казнуваат со незаконско прераспоредување, во најголем број од случаите и многу подалеку од местото на живеење. Ова пред малку што ви го покажав е една пресуда, донесена пред две недели со која наредбите на Спасовски се прогласени за незаконски, бидејќи со нив се повредуваат правата од работниот однос – додаде Ѓорѓиевски.

Тој обелодени дека со судска одлука на МВР му се наложува да го врати тужителот на претходното работно место.

– За целиот процес МВР треба да исплати 60 000 денари. Во вториот случај, имаме мислење од народниот правобранител , според кое се злоупотребува институтот „НАРЕДБА“. Само да напоменеме дека полицискиот службеник кој се жалел е распореден на оддалеченост oд приближно 200 километри кои треба да ги минува секој ден во два правци. Дури и внатрешната контрола да го покрие срамот и да спречи поскапи судски процеси констатира дека наредбите се незаконски. По предметот постапувал и државниот трудов инспекторат. Вакви тужби и предмети има стотици и илјадници. Спасовски свесно и намерно ја крие бројката бидејќи не сака да се дознае и колкава материјална штета му предизвикува на МВР, освен што целосно го урниса угледот и ефикасноста на оваа институција. Милиони евра на годишно се трошат само заради желбата за одмазда и намерата полицијата да се претвори во партиски орган на СДСМ. Ваквото однесување на Спасовски и неговите послушници не смее да мине неказнето. После 12 април правото и законите ќе важат подеднакво за сите и никој нема да може да избега од одговорноста. Затоа, ги повикуваме и ги охрабруваме сите чесни професионалци во МВР кои се нашле на удар на Спасовски изминативе недели, месеци и години да не се разочаруваат и да бараат правда. Тие треба да тужат и да се борат за сопствените права. Правните тимови на ВМРО ДПМНЕ им стојат на целосно на располагање – истакна Ѓорѓиевски.

Тој предупреди да се откажат од плановите за нова ситематизација и нови вработувања на само еден месец пред формирање на техничка влада.

– Единствено што ќе постигнат е тоа што нивните послушници и соработници ќе ги вовлечат во криминал за кој што подоцна ќе одговараат. Претстои обнова на Македонија после 12 април – вели Ѓорѓиевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...