Ѓорѓиевски: Зошто Спасовски дозволил „Дурмо Турс“ да врши технички преглед кога имало забрана?

841

Пред само 6 дена се случи кобна сообраќајна несреќа во која 15 невини луѓе го загубија несреќно животот, а уште толку се повредени и се наоѓаат на клиниките. Сеуште не се утврдени точните причини од страна на МВР за сообраќајната несреќа која беше кобна за овие 15 луѓе, вели Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Компанијата „ДУРМО ТУРС“ која е сопственик и превозник чиј автобус излета од патот, била воедно и сопственик на станица за технички преглед „Авто мото здружение“- Гостивар. Она што е сомнително е што истата „ДУРМО ТУРС“ своите возила ги регистрирала токму во сопствениот технички преглед во Гостивар. Станицата за технички преглед „Авто мото здружение“- Гостивар, добила забрана за вршење на технички преглед од страна на Министерството за внатрешни работи, но само по неколку дена вршен е нов надзор и решението за забрана им е поништено – тврди Ѓорѓиевски.

Тој постави прашање зошто дозволил министерот, иако по закон е изречена забрана за вршење на технички преглед во времетраење од 30 дена, да се изврши нов надзор за само 7 од 10 дена односно повторен увид. И врз основа на записник и мислење од Бирото за јавна безбедност- сектор за сообраќајни работи да му издаде ново решение за работа, што е спротивно на закон за давање и одземање овластување за технички преглед.

– Кој го потпишал записникот за увид, кој излегол на увид и со чија наредба иако знаел дека во законски предвидениот рок од 30 дена не смее да врши увид се отстранети сите неправилности. Дали за време на за забраната е вршен технички преглед, а потоа се дерегистрирани сите возила што се поминати за време на одземеното овластување. Зошто не е санкционирана станицата за вршење технички предглед за стореното кривично дело? По закон станиците треба да го чуваат видео надзорот 12 месеци. Дали се извадени снимки од видео надзорот за да се утврди дали автобусот бил во станицата и на кој начин е вршен технички преглед? Одговорност мора да има и да се расветли случајот каде несреќно го загубија животот 15 луѓе и уште толку беа повредени“. Оливер Спасовски, потенцира тој, мора да сноси одговорност и тоа уште веднаш – нашите граѓани заслужуваат да ја знаат вистината – порача Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...