Ѓорческа во Анталија славеше над Бујукакчај

154

Лина Ѓорческа имаше импресивен старт на ИТФ Фјучерс турнирот во Анталија, кој се игра за награден фонд од 25.000 долари. Најдобрата македонска тенисерка славеше над Турчинката Чагла Бујукакчај, прва носителка на турнирот и 177. на ВТА листата со 6:0, 6:2.

Доминацијата на Ѓорческа најдобро ја отсликуваат и дел од статистичките показатели. Максимално ги искористи брејк шансите (5 од 5) и освои 28 поени повеќе од домашната натпреварувачка.

Ѓорческа во второто коло во Анталија ќе игра против шпанската тенисерка, Андреа Гарсија – Лазаро.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...