Ѓорчев: Поседувам искуство, знаење и лојалност за претседател!

529

Поседувам искуство, мотивација, знаење, чест, лојалност, ги знам сите градови, општини и села во Македонија, порача пратеникот Владимир (Влатко) Ѓорчев најавувајќи дека се пријавил на огласот на ВМРО-ДПМНЕ за претседателски кандидат на изборите во април.

– Оваа апсолутистичка власт и хибриден режим треба да имаат баланс. Мора да има некој кој ќе им се спротивстави. Мотивиран сум повеќе од кога било, благодарен сум за огромната поддршка која изминатите денови, недели, и месеци ја добивам од граѓанните. Оние кои се скептични, имаат прашања ќе им одговорам – рече Ѓорчев од собраниската прес-сала пред новинарите.

Македонија, рече тој, е земја на неговите баби и дедовци, на неговите четири деца и подготвен е да се вложи целосно.

– Многумина велат и мислат дека оваа власт со инструментите кои ги има, заплашувањата и притисоците кои ги спроведува, во едни нечесни избори може да биде фаворит. На сите кандидат им велам дека на 21 април ве чекам јас, ве чекаат 500.000 луѓе, ќе излеземе на плоштадите ќе прославиме повторно и ќе ја најавиме победата во вториот круг – порача Ѓорчев.

Вечерта во 9-10 часот на избрниот ден кога ќе доаѓаат резултатите, тој рече дека ќе бидат уморни од пола саат набројување каде сѐ победилле.

– Победиме во Скопје, Прилеп, благодариме Штип, победивме во цела Источна Македонија, ќе набројуваме половина час и ќе се измориме набројувајќи каде сѐ сме победиле – зборуваше Ѓорчев во негов стил.

Тој рече дека не се грижи кој ќе биде неговиот противкандидат од СДСМ и им порача тие да се грижат затоа што тие се оние кои го излажале народот. Им се обрати и на симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ и на разочараните од СДСМ, на Албанците, Србите, Турците, Ромите, Бошњаците и порача дека доста биле поделби споменувајќи ги случувањата од 27 април.

– Такви поделби не може да ни се повторат. Помирувањето не доаѓа преку политичко помирување. Заедно со граѓаните заеднички ќе ги поразиме – рече Ѓорчев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...