Никогаш во историјата на Македонија немало помалку бебиња. Во 2018 година родени се 21. 333 бебиња тоа е најлош резултат откако има статистика и демографија во Македонија наназад 70 години, реагира на прес конференција Владимир Ѓорчев од ВМРО – ДПМНЕ.
– За време на оваа влада Зоран Заев и Мила Царовска 2108 година, минатата година е година со убедливо најлош, најкатастрофален наталитет и демографија во историјата на Македонија. Ако направите споредба на 2016 година последната година на владата на ВМРО-ДПМНЕ со минатата 2108 година ќе дојдете до податокот дека бројот на бебиња, на живородени деца во Македонија е намален 23.002 бебиња на 21.333. Тоа е фрапантен пад, рецесија од 7,3 проценти – предупреди Ѓорчев.
Тој вели дека кога во економијата би имало рецесија од 7,3 проценти сите ѕвона на тревога би биле вклучени.
– Ова е доказ, ова е врвен доказ дека во Македонија не дојде живот, дека она што демагошки Заев и превенцијата на СДСМ велеа за живот во Македонија, стана парола за живот во Шведска, за живот во Германија, Канада, секаде низ белиот свет. Ова е пораз и фијаско на политиките на Зоран Заев и Мила Царовска кој што го укинаа надоместокот за трето дете, кој што водат антисемејни политики, кој што на крајот на краиштата придонесуваат преку иселувањето и економската катастрофа да имаме невидена катастрофа во Македонија и егзодус каков што немало 200 години наназад.Навистина бројките се фрапантни и загрижувачки и тоа го гледаме исто така почитувани присутни и со падот на бројот на учениците во уписите – вели Ѓорчев.
– Гледате дека деновиве имаме уписи во прво одделение, имаме упис во гимназиите, имаме уписи на Универзитетите и секаде бројките паѓаат затоа што имаме масовно иселување и егзодус во Македонија. Тоа е директен доказ дека едноставно Македонија имплудира, Македонија исчезнува, Македонија се сели и Македонија умира со ваквите политики на Зоран Заев и неговите 28 министри – вели Ѓорчев.