Ѓорчев: Метлата се сведе на Тевдовски, а сите знаеме дека е чесен и има образ

1871

Влатко Ѓорчев, пратеник од ВМРО – ДПМНЕ го обвини премиерот Зоран Заев дека се тргаат луѓе кои се неистомисленици.

Тој на собраниската седница денеска говореше за оставката на Петар Атанасов и за разрешувањето на министерот за финансии Драган Тевдовски кое, според него, е погрешно.

– За Драган Тевдовски може било кој што да каже, но сите знаеме дека е чесен. Драган Тевдовски има образ и е чесен. Не се согласувам со неговите политики и неговиот концепт, но во оваа Влада има барем 10-15 министри на кои местото им е да им се побара оставка. Цела оваа метла се сведе на тоа Драган Тевдовски да го изгуби ресорот – рече Ѓорчев.

Во репликата, Заев појасни дека проценил оти Атанасов во моментов не може да ја извршува министерската функција во Министерството за образование.

– Не е соодветно време тој да ја преземе палката на Министерството за образование. Ги знам и предностите, ги знам и слабостите. Така сум оценил – истакна Заев.

Седницата продолжува утре во 11 часот, а на дневен ред е именувањето на новите министри. на почетокот на денешната седница премиерот Заев го повлече предлогот, тој, покрај премиерската финкција, да ја извршува и функцијата министер за финансии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...