Ѓорчев: Македонија нема веќе црвени линии

659

Во реплика за време на собраниската расправа за нацрт амандманот четири,  Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ порача дека во Македонија веќе нема црвени линии.

– Не ги зачувавте македонските црвени линии, бидејќи во Македонија веќе нема црвени линии за ништо. Буквално патос избришавте со нив- рече Ѓорчев и додаде дека договорот со Грција е асиметричен, бидејќи Грција не го менува Уставот.

Toj посочи дека е свесен оти било неопходно да се постигне консензус, но, како што рече, не вака лесно, бидејќи во иднина ќе добиваме нови и нови уцени.

Панчо Минов од Гром побара во амннадманот да се стави дополнителна одредба која ќе гласи „Републиката ги заштитува, гарантираи негува идентитетот и историското и културното наследсвто навмекдонскиот народ“, на што премиерот Заев му рече дека може да дојде до фрустрации ако нешто се потенцира премногу и оти не е добро двапати да се потенцира исто. Сепак вети дека ќе бидат доволно креативни при изработката на конечните уставни амандмани и во нив ќе се обидат да ги внесат сите забелешки.

-Грчкиот партнер нема проблем со нашиот идентитет и нашата определба. Јас сум Македонец и тоа чувство не може никој да ми го земе, но убаво е да најдеме начин низ дебата тоа да го потврдиме, потенцира Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...