Ѓорчев: Заев, нели ви е срам, спротивно на вољата на народот да ги вадите таблите со „Република Македонија”

915

Господине Заев, нели ви е срам, спротивно на вољата на народот од неуспешниот референдум, да ги вадите таблите со „Република Македонија”, напиша на Фејсбук Влатко Ѓорчев, пратеник и кандидат за претседател на државата на огласот на ВМРО-ДПМНЕ откако Владата синоќа од зградата ги извади буквите „Влада на Република Македонија“.

– Или мислите дека Вашата воља и Вашата кариера е побитна од народот?! Многумина така мислеле, но се излажале. Едно ќе Ви порачам, не ги уништувајте таблите со натписот „Република Македониј“. Дајте ни ги нам, ќе ги чуваме дома. Еден ден, нам, на нашите деца, на достоинствениот народ на Македонија, повторно ќе ни требаат, напиша Ѓорчев.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...