Ѓорчев до Заев: Со шрафцигер ли ќе ги вадите буквите каде пишува Република Македонија?

Господине Заев, вие не може да си нарачате опозиција затоа што легитимитетот го дава народот и граѓаните. Не може да си нарачате опозиција која де факто ќе биде власт поради политички уцени, затоа што опозиција ви е македонскиот народ, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

1758

Господине Заев, вие не може да си нарачате опозиција затоа што легитимитетот го дава народот и граѓаните. Не може да си нарачате опозиција која де факто ќе биде власт поради политички уцени, затоа што опозиција ви е македонскиот народ, опозиција ви се Албанците кои се разочарани на кои не им ги исполнивте ветувањата, опозиција ви се Турците кои се повеќе го дигаат гласот, Бошњаците, Србите, Ромите, и самите ваши пратеници велат дека не ги исполнувате ветувањата. Опозиција ви се сите.

Вака на денешната седница Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ му се обрати на премиерот Заев.

– Договорот не е симетричен, затоа што тука е Уставот на Грција и Грција не менува ни една буква во нивниот Устав. Обидете се да најдете 2/3 мнозинство во Грција и видете како ќе поминете во договорот за кој исклучиво само Македонија презема одговорност – рече Ѓорчев.

Тој го праша премиерот кога ќе го смени името на својата партија и кога ќе станат Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија.

– Господине Заев дали со ножици ќе ги вадите амблемите на полицајците и војниците кои велат на Армија на Република Македонија, МВР на Република Македонија? Дали со бонсек или шрафцигер или со чекан ќе ги вадите буквите каде пишува Република Македонија или Влада на Република Македонија – го праша Ѓорчев премиерот Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...