Ѓорчев доби 80 гласа: Гласањето беше демократско, ѝ стојам на располагање на Силјановска

5285

Влатко Ѓорчев, кој беше еден од потенцијалните кандидати на професорката Гордана Силјановска Давкова во партиската трка за претседателски кандидат ѝ ја честита победата и посакувајќи и добар резултат на изборите на 21 април и 5 мај.

– Ѝ посакувам успех во кампањата и што подобар резултат, затоа што важно е за иднината на Република Македонија опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да има што подобар резултат. Им благодарам на сите 80 делегати кои гласаа за мене, им благодарам на поддршката. Останува во ВМРО-ДПМНЕ заедно да се бориме и продолжуваме заедно во кампањата обединети сплотени и сложни – рече Ѓорчев.

Силјановска победи убедливо со 408 гласа од вкупно 519.

Според него, гласањето на делегатите било демократско.

– Делегатите демократски гласаа, целата постапка беше регуларна и демократска и во ред. Апсолутно стојам на располагање за кампањата, секако мислам дека навистина имаме шанси за добар резултат. Важно е за Македонија да има добар демократски баланс затоа што за оваа власт и гарнитура навистина е добро некој да се спротивстави. Силјановка како претседател ќе може да го направи тоа, ние во парламентот ќе парираме, граѓаните со нивните активности – порача Ѓорчев.

Тој кажа оти агендата на активности ќе го утврди нејзиниот штаб, но рече дека ѝ стои на располагање за овие важни избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...