Додека Град Скопје од една страна уверува дека се прска против комарци, од друга на социјалните мрежи „врие“ од критики дека граѓаните не можат да се справат со комарците.
Меѓу оние кои ја искористи шансата да го искритикува градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, е и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.
„Пред една година Скопје ги дочека Реал Мадрид и Манчестер. Денес Шилегов не може да испрска против комарци. Врати се Коце. Толку“, напиша Ѓорчев на Твитер.
Пред една година Скопје ги дочека Реал Мадрид и Манчестер.
Денес Шилегов не може да испрска против комарци.
Врати се Коце.
Толку. pic.twitter.com/Yoqzdz5Nul— Vladimir Gjorcev (@VladimirGjorcev) August 9, 2018