Ѓорчев во „Само вистина“: Македонија веќе нема црвени линии во преговорите со Грција ВИДЕО

Бетиане Китев од СДСМ, пак, рече дека Македонија може да биде спокојна, зашто Владата се грижи за македонските национални интереси и за македонштината во целост

1141

Сегашната власт во изминатата година покажа дека Македонија веќе нема црвени линии во преговорите со Грција, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во денешната „Само вистина“ на Канал 5.

– Преговорите ги водат „неразбрани трговци“, не знаат да кажат „не“, сè се прифаќа. Грција виде дека се спремни да продадат сè, и тоа евтино – рече Ѓорчев.

Неговиот соговорник, Бетиане Китев од СДСМ, пак, рече дека Македонија може да биде спокојна, зашто Владата се грижи за македонските национални интереси и за македонштината во целост.

– ВМРО-ДПМНЕ се обидува да шири паника. Тие користат една реторика за домашната јавност, а од „бомбите“ видовме дека преговарале директно со Грција – рече Китев.

Ѓорчев и Китев дебатираа на повеќе теми, вклучувајќи го Законот за употреба на јазиците, економските политики, промената на изборниот модел итн.

Погледнете ја целата дебата:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...