Ѓорчев во ИРИ во Вашингтон: Граѓаните ги поддржуваат членството на Македонија во НАТО и ЕУ, но не му веруваат на Заев

2202

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во Вашингтон оствари средба со Јан Ерик Суротчак, новиот директор на ИРИ за трансатлантска стратегија и досегашен директор на ИРИ за Европа, соопшти партијата.

„Ѓорчев го информираше соговорникот за актуелната политичка состојба во Македонија по завршувањето на неуспешниот референдум од 30-ти септември. Граѓаните ги поддржуваат членството на Македонија во НАТО и ЕУ, но очигледно дека меѓу народот има голема недоверба кон политиките на Зоран Заев.

Ѓорчев додаде дека економските индикатори се влошуваат, заедно со политичкиот прогон и слободата на медиумите, како и општото назадување на Македонија во повеќе области.

Тој се заблагодари за долгогодишната соработка и помош од ИРИ за ВМРО-ДПМНЕ која трае веќе 25 години.

ВМРО-ДПМНЕ силно ќе продолжи да соработува со Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и со Републиканската партија, како дел од стратешкото партнерство на Македонија со САД.

Воедно, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги негува односите и соработката со НДИ и Демократската партија, затоа што политичките односи со САД ги надминуваат партиските рамки и се одржуваат без разлика кој е власт или опозиција во двете земји.

Токму владата на ВМРО-ДПМНЕ го иницираше и го потписа Договорот за стратешко партнерство на Македонија со САД во 2008 година, а истата посветеност ја споделуваме и денес, соопшти партијата.

Ѓорчев го поканил Суротчак во наредниот период да ги посети Македонија и ВМРО-ДПМНЕ во својство на неговата нова функција како директор за трансатлантската стратегија на ИРИ.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...