Ѓорчев: Бегството на Груевски или е поради неспособноста на Спасовски или е во договор со Заев

543

Пратеникот Владимир Ѓорчев во неговото гостување во ТВ 21 изјави дека бегството на експремиерот Никола Груевски или е поради неспособноста на МВР и Оливер Спасовски или поради политички договор со Зоран Заев.

– Во врска со тоа бегство мислам дека има две варијанти. Или се работи за неспособност на МВР предводено од Оливер Спасовски, а нормално со доверба од Зоран Заев, или се работи за договор со власта на Заев, кој што е во моментов е главен трговец со правдата во Република Македонија. Или треба да има одговорност, а тоа би значело оставка на Спасовски и структурите во МВР, или се работи за политички договор и тоа граѓаните во Република Македонија треба да го знаат. Огромното мнозинство на граѓанте, а особено поддржувачите на Заев и на СДСМ сметаат дека станува збор за политички договор – изјави Ѓорчев во во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...