Ѓоргиев: Ќе има ли заедничко чествување за Делчев, Цар Самоил и Илинден со Бугарија?

174

Историски икони како цар Самоил, Гоце Делчев, Илинденското востание се меѓу личностите и настаните за кои ќе се дебатира дали да се препорача заедничко чествување на четвртиот состанок на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни прашања формирана согласно Договорот за добрососедство што ќе се одржи на 19 и 20 февруари во Скопје.

Директорот на Институтот за национална историја, професорот Драги Ѓоргиев за МИА информира дека практично се очекува да се продолжи со работата по темите од претходно одржаниот состанок во Софија, пред се, за цар Самоил, како и на забелешките на учебниците по историја од V. и VI. одделение, кои веќе се направени и се разменети меѓу двете страни со цел да се надминат проблематичните толкувања.

Материјалот, потестува Ѓоргиев, го опфаќа перидот на праисторијата, за антиката и за средниот век, при што различните толкувања практично почнуваат со средниот век. Тука, пред се, се толкувањата за браќата Кирил и Меториј и за Самоиловата држава, два елемента каде се најголемите разидувања во самите учебници.

Според него, целта на Комисијата е сето тоа толкување на минатото од пред илјада и повеќе години да се денационализира, да не им се дава на тие настани и личности национална конотација од современ аспект, односно нашето денешно национално чувство да не се рефлектира 1000 години наназад, бидејќи објективно такво чувство и не постоело во тоа време.

– Не можете вие да го национализирате свети Климент или свети Наум, или браќата Кирил и Методиј. Тие се христијански просветители, духовни лица на кои не може вие да им дадете националност.Тие дејствувале во одредени држави, во Византија и во Бугарската средновековна држава, меѓутоа нив тоа не ги прави ниту Бугари, ниту Грци, ниту Македонци во современа смисла. Целта е да им се даде на идните генерации кои ќе учат од бугарските и од македонските учебници идеја за космополитизмот на тие луѓе, за некои општи вредности кои тие ги оставиле на следните генерации, а не да ги присвојуваме како теснонационални херои. Во таа смисла ќе одат и дискусиите околу учебниците – вели Ѓоргиев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...