Ѓорге Иванов ја доби Антикорупциска на Управен суд

1226
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Управниот суд пресуди во полза на поранешниот претседател Ѓорге Иванов кој поднесе тужба против Антикорупциска комисија која поведе прекршочна постапка против него за унапредувањата во Армијата.

Во образложението на Управниот суд, меѓу другото, се наведува дека на Иванов му било оневозможено да ги изложи своите аргументи како одбрана пред Антикорупциската комисија, а итсто така не му било доставено и нејзиното решение, туку било само објавено на веб-страницата на Комисијата.

– Врз основа на наведеното, Судот утврди дека тужениот орган при водење на постапката не го почитувал членот 33 ставот 5 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и не го повикал тужителот на денот на одржувањето на јавната седница, со што го повредил начелото на еднаквост во постапката и му го ускратил правото да ги изнесе аргументите поткрепени со факти и докази. Исто така, тужениот орган сторил повреда и на ставот 6 од истиот член, кога не ја доставил одлуката до тужителот, од причина што истата само ја објавил на веб-страната на ДКСК, согласно член 22 став 7 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, а не се обидел да ја достави, имајќи предвид дека со истата утврдува дека ќе иницира прекршочна постапка – се наведува во образложението од Управниот суд.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...