Македонскиот пејач Ѓоко Танески реши да се врати на музичката сцена, и тоа со нешто поразлично.
Танески ја објави својата најнова песна со наслов „Една љубов имам“ и ја изненади публиката. „Една љубов имам“ е, всушност, првата песна од најавениот проект кој треба да биде заокружен со албум во овој стил во текот на 2020 година.
За оваа нова песна популарниот пејач од Охрид сними и видеоспот, на кој како режисер се потпишува еден од најдобрите – Даниел Јовески.
Автор на текстот е самиот Танески, а музиката и аранжманот е на Никола Мицевски. Гитара-Зоран Костадиновски, виолина-Илија Филиповски, кларинет-Благојче Трајковски, хармоника-Никола Мицевски.