Ѓоко Поповски од судница оди директно во притвор

1275

Поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски од судница директно ќе биде однесен во притвор додека пресудата од 9 девет години затвор не стане правосилна, одлучи судечкиот совет на чело со судијката Добрила Кацарска во предметот „Триста“ на СЈО.

Притворот го побара обвинителката Фатиме Фетаи. Таа рече дека тој е обвинет и во друг предмет и ако се земе предвид и дека двајца други обвинети од СЈО кога се соочија со обвинение, Горан Грујевски и Никола Бошковски, избегале во Грција и сега се недостапни за органите на прогонот.

Адвокатите на Поповски се противеа на ваквата одлука.

– Сметам дека ниту еден основ не постои во моментов и покрај изречената прдвисока казна затвор. Имено обвинетиот и досега свесен за кривичните дела и за казна уредно се јавуваше на судења и ги извршуваше обврските околу пријавување во судот – рече адвокатот на Поповски, Старио Зиков.

Поповски рече дека нема причина за бегство, тука има син кој се школува во земјава, има стара и неподвижно мајка и повредена сопруга што се дополнителнинпричини за тој да не избега.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...