Ѓоковиќ ја започна сезоната со трофеј

259

Светскиот рекет број 1 во машкиот тенис, Новак Ѓоковиќ ја започна новата сезона со трофеј, иако на егзибициски турнир во Абу Даби. Србинот го совлада Кевин Андерсон (Јужна Африка) со 4:6, 7:5, 7:5 за нешто повеќе од два часа игра.

Шестиот тенисер на АТП листата покажаа дека неговата победа над Надал во полуфиналето не е случајна и тој го освои првиот сет со 6:4, откако направи еден брејк на сервис на противникот.

Во следниот сет, Србинот се врати и го освои со 7:5 по еден брејк. Во третиот сет, Ѓоковиќ пропушти да го затвори натпреварот со 6:4, дозволувајќи му на Андерсон да спаси три меч топки и да стигне до 5:5. Србинот сепак направи брејк во следниот гем и го затвори сетот на свој сервис со 7:5.

Дуелот Андерсон-Ѓоковиќ беше повторување на финалето на „Вимблдон“ од оваа година и петти за двајцата во 2018 година, а Србинот забележа четири победи над ривалот.

Претходно, Русинот Карен Хачанов победи со 6:3, 4:6, 10:3 над Доминик Тим (Австрија), кој во борбата за третото место влезе по повлекувањето на Рафаел Надал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...