Ѓоковиќ успеа да го елиминира Баутиста-Агут

404
Новак Ѓоковиќ го одигра еден од најдобрите мечеви по повредата и успеа да го елиминира шпанскиот тенисер Роберто Баутиста –Агут по голема борба во четири сета со  6:4, 6:7, 7:6, 6:2.
Ова беше можеби најтешкиот меч за српскиот тенисер оваа сезона но на крајот по голема борба која траеше речиси 4 часа го совлада упорниот Шпанец.
Во осмина-финалето  Ѓоковиќ ќе игра против уште еден Шпанец Фернандо Вердаско кој во три сета го надигра фаворизираниот Григор Димитров.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...