Ѓоковиќ смета дека Австралија опен може да се одложи поради пожарите

351

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ смета дека постои ризик од одложување на Австралија опен поради големите пожари што беснеат на континентот. Создаден е чад кој може да го загрози здравјето на играчите.

– Ако дојде до точка дека нешто му се заканува на здравјето на играчите, ќе мора да размислиме за одложување на турнирот. Ова е најекстремната опција. Затоа што сум сигурен дека организаторите ќе сторат сé што е можно за да не се одложи турнирот – изјави Ѓоковиќ.

Грен слем турнирот во Мелбурн треба да се одржи од 20 јануари до 2 февруари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...