Ѓоковиќ си постави цел да ја заврши сезоната без пораз

135
ФОТО: EPA / WILL OLIVER

Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ си постави многу амбициозна цел по победата на турнирот во Дубаи.

Србинот го победи Стефанос Циципас во спорот за трофејот и ја забележа својата 21 победа по ред. Од почетокот на сезоната, Ѓоковиќ нема пораз.

– Една од моите цели е да ја завршам сезоната без да загубам. Не. Се шегувам. Јас навистина не се шегувам, но ќе биде многу тешко. Секако дека колку повеќе мечеви ќе освојам, толку повеќе самодовербата расте и на теренот излегувам со поголем ентузијазам. Но да не брзаме – рече Ѓоковиќ.

ФОТО: EPA / WILL OLIVER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...