Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска го победи Германецот Јан-Ленард Штруф со резултат 7: 6, 6:2, 2:6 и 6:1, во првото коло на Австралија опен.
Мечот што траеше два часа и 17 минути и за Ѓоковиќ беше 900-ти на кој славел победа во серијата турнири на АТП.
Во следното коло, вториот рекет на светот ќе се сретне со победникот од дуелот Тацума Ито“ – Прајнес Гунешваран.
Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Мелбурн изнесува 49 милиони долари.