Ѓоковиќ: Секогаш постои можност да се напредува

- Без разлика колку сте добри во нешто, сепак, секогаш постои можност да се научи ново, да се напредува, да се истражува... - напиша Ѓоковиќ на Твитер.

116

По зачестените сомнежи за тоа дали воопшто Новак Ѓоковиќ може да се врати во старата шампионска форма, особено по елиминацијата во раната фаза на турнирите во Индијан Велс и Мајами, се засилија и гласините дека поранешниот најдобар светски тенисер се уште не е подготвен за игра на повисоко ниво.

Ѓоковиќ, кој во моментот тренира за Мастерсот во Монте Карло, каде ќе се обиде да го поправи впечатокот, се огласи по тој повод.

– Сакам само со вас да споделам нешто едноставно, на што секогаш се потсетувам. Без разлика колку сте добри во нешто, сепак, секогаш постои можност да се научи ново, да се напредува, да се истражува… Затоа секогаш мора да ја држите главата исправена, напиша Ѓоковиќ на Твитер.

Според најдобриот српски тенисер, во животот е важно да се има амбиција и да се напредува.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...