Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе игра во полуфиналето на Отвореното тениско првенство на САД, откако рано утрово го победи Џон Милман од Австралија.
Иако од резултатот (6:3; 6:4 и 6:4) се добива впечаток дека Србинот лесно дојде до победата, сепак мечот траеше речиси три часа и во него се водеше голема борба за секој поен.
За Ѓоковиќ ова е 33. Полуфинале на Грен слем турнирите во неговата кариера и 11 во низа на УС Опен.
Негов противник во мечот за финале ќе биде јапонскиот тенисер Кеи Нишикори.
Во другата полуфинална пресметка ќе се сретнат Рафаел Надал (Шпанија) и Хуан Мартин дел Потро (Аргентина).
ФОТО: EPA-EFE-JASON-SZENES