Ѓоковиќ преку Нишикори стаса до полуфинале на Вимблдон

204
Носителот на 12 Гренд-слем титули, Новак Ѓоковиќ (Србија) повторно покажа дека ја враќа својата најдобра форма и го елиминираше Кеј Нишикори (Јапонија) со 6:3, 3:6, 6:2, 6:2 за два часа и 38 минути игра.
На тој начин Србинот се пласираше полуфиналето на Вимблдон, а таму го очекува подобриот од дуелот помеѓу Рафаел Надал (Шпанија) и Хуан Мартин дел Потро (Аргентина).
Поранешниот број еден во светот го заврши дуелот со 39 винери и 21 неизнудени грешки и импресивен успех на мрежа – 18 освоени поени од 20 излегувања.
Ѓоковиќ стигна до топ четири на Вимблдон за првпат од 2015 година, кога по трет пат ја освои титулата на терените на „Ол Ингланд клубот“.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...