Ѓоковиќ пред Конорс по бројот на недели како лидер на АТП листата

174

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, денеска ја почна својата 269-та недела на врвот на светската ранг-листа, и со тоа се искачи на четвртата позиција на сите времиња, надминувајќи го Џими Конорс.

Популарниот Ноле е на две недели зад чешкиот Американец Иван Лендл, кој 270 недели беше светски рекет број 1, и до крајот на месецов, Ѓоковиќ ќе се изедначи со него, потоа и ќе го надмине. Втор на вечната листа е Американецот Пит Сампрас со 286 седмици, а лидер е швајцарскиот маестро Роџер Федерер со 310 недели како прв на АТП листата.

Ѓоковиќ најдолго се задржа на првата позиција од јули 2014 до ноември 2016, цели 122 недели по ред. Сега тој не го дава врвот од ноември (46 недели).

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...