– Сите играчи ги анализираат можните идни свои ривали. Го гледате вашиот дел од распоредот, студирајте кој е таму. Гледате како играат противниците. Вашиот тим започнува да ги следи и проучува сите потенцијални противници. Мислам дека повеќето играчи гледаат подалеку од првото коло. Не ми кажувајте каде отиде Федерер. Ќе ја проучам мрежата кога ќе се доближам до завршницата, изјави Србинот.
Негов ривал во првото коло ќе биде Шпанецот Роберто Карболес-Баена, во евентуално четврфинале потенцијален ривал му е Данил Медведев, додека со Федерер би се сретнал во полуфиналето, под условот двајцата тенисери да ги победат своите противници до таа фаза на Грен слемот.
УС Опен почнува в понеделник и ќе трае до 8 септември.