Ѓоковиќ помина, Осака елиминирана во третото коло на „Ролан Гарос“

198

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Италијанецот Салваторе Карузо во третото коло на Грен слемот „Роланд Гарос“. Во меч кој траеше нешто повеќе од два часа Србинот беше поуспешен во три сета: 6:3, 6:3 и 6:2.

Во 1/8 финалето Ѓоковиќ ќе игра со победникот од дуелот Јан-Ленард Штруф (Германија) – Борна Чориќ (Хрватска).

За разлика од првиот светски рекет во машка конкуренција, најдобрата на ВТА ранг листата Наоми Осака ги заврши настапите во Париз веќе во третото коло. Јапонката денеска загуби од чешката тенисерка Катерина Синјакова во два сета со 4:6 и 2:6 во меч што траеше еден час и 19 минути.

За да се пласира во четвртфиналето, Синјакова ќе игра со победничката од мечот Ана Блинкова – Медисон Киз.

Вкупниот награден фонд на „Ролан Гарос“ е 42,6 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...