Светскиот тенисер бр.2, Новак Ѓоковиќ даде интересен предлог. Србинот сака спојување на турнирите „Дејвис Куп“ и „АТП Куп“.
Ноле смета дека овие турнири се дуплираат.
– Ни треба еден заеднички Куп, наречете го како сакате. Тоа нема да се случи следната година. Но, ако ИТФ, Дејвис Куп и АТП брзо се договорат, тоа би можело да се случи во 2022 година. Се надевам дека ова се случи затоа што е тешко да се соберат сите врвни играчи на двата турнира. Меѓу нив има само шест недели и тие не си помагаат взаемно во однос на маркетингот и важноста на настанот – рече легендата