Србинот Новак Ѓоковиќ е само петтиот тенисер кој 250 недели поминал на првото место на АТП ранг листата.
Другите четворица кои имаат најмалку 250 седмици на врвот на светскиот тенис се: Џими Конорс (268), Иван Лендл (270), Пит Сампрас (286) и Роџер Федерер (310).
Во случај Ѓоковиќ да успее да остане на првото место до средината на септември, ќе го помине Конорс и ќе се искачи на четвртата позиција на вечната листа.
На најновата АТП листа објавена денеска, српскиот тенисер е убедливо прв со 11.160 бода, пред второпласираниот Рафаел Надал кој има 7.765.
ФОТО: EPA-EFE / JASON SZENES