Ѓоковиќ: Не постојат граници, мојата верба ме влече напред

Најдобар српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека самодовербата во некои тешки моменти била пресудна да се врати во добра форма.

228
epa07009450 Novak Djokovic of Serbia celebrates with the championship trophy after defeating Juan Martin del Potro of Argentina in the men's final on the fourteenth day of the US Open Tennis Championships the USTA National Tennis Center in Flushing Meadows, New York, USA, 09 September 2018. The US Open runs from 27 August through 09 September. EPA-EFE/JUSTIN LANE

Најдобар српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека самодовербата во некои тешки моменти била пресудна да се врати во добра форма.

Српскиот ас, откако го освои Вимблдон и УС Опен, им се заблагодари на сите кои му даваа поддршка и кои веруваа во него во еден турбулентен период.

– „Неверојатно” е веројатно е најдобриот збор да се објасни големиот успех. Овој израз предизвикува големи чувства и верба која ме носеше напред додека поминав низ неизвесност, болка и несигурност – напиша Ѓоковиќ на Инстаграм.

Според неговите зборови, тој изминатиот период сфатил дека изразот неверојатно и граници не постојат.

– Кога тоа ќе го сфатите може да успеете, вели, третиот светски рекет во моментов на АТП листата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...