Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ во првото коло на „Ролан Гарос“ го совлада Бразилецот Рожерио Дутра да Силва.
Ѓоковиќ во натпреварот кој траеше два часа и шест минути оствари убедлива победа од 3:0, односно по сетови 6:3, 6:4 и 6:4.
Српскиот тенисер и покрај почетната несигурност не дозволи изненадување и лесно се пласираше во второто коло.
– Не бев на највисоко ниво, но ова е почеток на турнирот и се надевам дека мојата игра ќе се подобрува – истакна Ѓоковиќ по завршувањето на натпреварот.
Тој додаде дека на „Ролан Гарос“ се чувствува како дома и дека одлично ги познава терените.
– Не сум меѓу највисоките носители, но го знам овој терен, тука сум како дома – истакна Ѓоковиќ.
Најголемото изненадување во првото коло го направи Гиљермо Гарсија Лопез, кој го елиминираше Стан Вавринка во натпревар што траеше три и пол часа. Швајцарскиот тенисер, кој победи на турнирот во Франција пред три години, видно разочаран го напушти теренот.