Ѓоковиќ најдобар спортист за 2018 година

337

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ја доби престижната титула на најдобар спортист за 2018 година, на свеченост во Монте Карло.

Ѓоковиќ вечерва се закити и со наградата Лауреус, а ова е четврта награда во неговата кариера, која е доделена за најдобри спортски резултати во минатата година.

– Секој спортист сака да ја освои оваа награда и со самото тоа, таа за мене претставува голема чест. Фактот дека вечерва сум меѓу голем број спортски великани на оваа наградаи дава особено значење – рече Ѓоковиќ.

Други кандидати за наградата беа Лука Модриќ, Леброн Џејмс , Луис Хамилтон , Килијан Мбапе и Елиуд Кипчоге.

FOTO Printskrin/Tviter

За најдобра спортистка на светот е прогласена гимнастичарката Симон Бајлс, а  наградата за животно дело му припадна на Арсен Венгер.

(ФОТО: Принтскрин/Твитер)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...