Ѓоковиќ може да освои 25 Грен слем трофеи

660
ФОТО: EPA / JASON SZENES

Поранешниот прв светски рекет Матс Виландер зборуваше за предностите на Новак Ѓоковиќ во однос на конкурентите. Швеѓанецот му предвидува најмалку уште четири трофеи од Грен слем турнирите, а верува дека може да стигне и до 25.

– Новак знае како да го исцрпи противникот, додека не ја покажува најдобрата игра на некои точки од натпреварот. Никогаш не паничи, дури и кога е уморен или вознемирен. На турнирите, најимпресивно е што тој го игра секој натпревар како финален натпревар, без оглед кој е противникот. Јас би бил изненаден ако годинава тој не победи барем уште на два „Грен слема“. Всушност, не знам кој може да го спречи да земе најмалку уште четири. Дури мислам дека во неговата кариера може да освои 25 – изјави Виландер.

Ѓоковиќ минатиот викенд победи на Австралија опен и стигна до 17. трофеј од најпрестижните тениски турнири.

ФОТО: EPA / JASON SZENES

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...