Ѓоковиќ и Федерер заедно во двојки на „Лејвер Купот“

„Лејвер Купот“ е неофицијално натпреварување, кое Роџер Федерер го стартуваше минатата година заедно со Род Лејвер.

212

На првиот ден од „Лејвер Купот“ гледачите очекуваат голема атракција. За првпат досега, најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и швајцарската легенда Роџер Федер ќе играат заедно во двојки, во тимот „Европа“ на турнирот, кој се одржува во Чикаго.

Ривалите на освојувачите на вкупно 34 Гренд-слем титули се Кевин Андерсон од Јужна Африка и Американецот Џек Сок, кои ќе играат за „остатокот од светот“, а мечот е на програмата доцна вечерва.

Претходно, на почетокот на вториот по ред „Лејвер куп“, ќе се сретнат бугарскиот тенисер Григор Димитров и американскиот Френсис Тијафо, а веднаш по нив се соочуваат Британија Кајл Едмунд и Сок.

Единствениот тенисер кој нема да се натпреварува во Европа, на првиот ден е Германецот Саша Зверев, додека своите дуели за тимот на Светот ќе ги чекаат Џон Иснер и Ник Кириос.

„Лејвер Купот“ е неофицијално натпреварување, кое Роџер Федерер го стартуваше минатата година заедно со Род Лејвер. Првото натпреварување на тимовите на Европа и Светот минатата година се одигра во Прага, а оваа сезона е на програмата од 21-23 септември во „Јунајтед Центар “во Чикаго.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...