Ѓоковиќ експресно до финалето на Австралија опен

323
ФОТО: EPA-EFE / JASON SZENES

Србинот Новак Ѓоковиќ е вториот финалист на Грен слемот Австарлија опен, откако денес славеше убедлива победа над францускиот тенисер Лукас Пуј со убедливи 3-0.

Во меч кој траеше само еден час и 25 минути, Србинот го доби првиот сет без изгубен гем (6:0), а во следните два му препушти само по два гема на противникот (6:2).

За во моментов првиот светски рекет, ова ќе биде седмо финале на АО.

Противник на Ѓоковиќ во финалето на Грен слемот во Мелбурн ќе му биде Шпанецот Рафаел Надал.

Наградниот фонд на Австралија опен изнесува 44,7 милиони долари.

ФОТО: EPA-EFE / JASON SZENES

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...